-->
-->
Ова се жртви на микроцефалија: Ужасни моменти од животот на девојчиња со болест предизвикана од Зика
-->
Мајка чии ќерки боледуваат од пореметување кое, помеѓу останатото, го предизвикува вирусот Зика, тврдат дека тие се како сите други девојчиња на нивна возраст.
Гвен Хартлеј (40) од Канзас, вели дека микроцефалија, за која се смета дека ја предизвикува Зика епидемијата која моментално коси низ Јужна Америка, не мора да биде смртна казна - и покрај тоа што предизвикува нецелосен развој на мозокот, како и низа здраствените дефекти.
На нејзината ќерка Клер (14), дијагностицирана е микроцефалија кога имала три месеци, додека Лоли, која сега има девет години, дијагностицирана додека била во матката. Тие не можат да одат и зборуваат, а секојдневно имаат по неколку напади.
- Сакам да ги уверам родителите дека нивните деца со оваа болест можат да бидат многу посилни отколку што мислат, вели таа.
Зборувајќи за бебињата кои се раѓаат во ваква состојба (4.000 во Бразил само од октомври 2015 година) вели:
- Тоа ќе биде тешко, а сите ќе мора да се држиме заедно.
Гвен тврди дека нејзините ќерки се исти како и другите девојки на нивна возраст и сакаат да слушаат музика и да гледаат телевизија.
Тие се одлучни дека нивните ќерки го живеат најдобриот можен живот.
Направиле голема прослава за првиот роденден откако ги добиле црните прогнози од докторите - дека Клер нема да живее повеќе од една година.
- Секој ден спроведен со неа го го доживувавме како подарок, вели таа.
Клер напредувала, како и нејзинат сестра Лола, родена со иста болест пет години подоцна.
Имено, микроцефалија е медицинска состојба во која обемот на главата е помал од нормално зашто мозокот не е правилно развиен.
Микроцефалијата може да биде присутна при породувањето или може да се развие во првите неколку години од животот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаревски: Иако се подготвуваме за нивната игра, тешко беше да се спречи транзицијата на Холандија
-
Четворица загинати и тројца повредени во руски напад врз Киев
-
ДСЗИ нема утврдено недостатоци при третманот на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот
-
ТикТок објави дека од утре ќе прекине со работа во САД
-
Израелската влада го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас, стапува во сила утре
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје