Ова се последните зборови на Глоговац кои ги кажал во животот
Режисерот Балша Ѓого, пријател на покојниот актер Небојша Глоговац раскажал дека пред смртта актерот му испратил смс коај никогаш нема да ја заборави.
Пораката му стигнала рано наутро, додека Глоговац лежел во болница:
„На една жена од околу 70 години овде во собава ѝ звони мобилниот со песната „Не спавај мала моја музика док свира" од Бјело дугме. Додека дрнда тоа, не знаеш дали спие или умрела или не прејаки таблети како мене. Никогаш не се јавува и тоа така рока додека медицинската сестра не го исклучи. А медицинска сестра нема секогаш. Бизарна слика, мислам дека госпоѓата имала нешто со некого од Бјело дугме. А се гледа дека била убава."
Ѓого не знаел како да реагира на пораката, па по некое време стигнала уште една:
„Ајде, Хичкок, не плачи, па не ти се откачил браникот на колата па да бидеш тажен".
Режисерот вели дека не можел да поверува дека Глоговац е болен и кога било извесно дека ќе ја изгуби битката.
-Сите ние негови другари растурени по Подгорица, Требиње, Никшиќ, Ријека, Загреб, Белград, кога ја дознавме дијагнозата, одевме од лекар на лекар да не прегледа, да се снимаме. Дознавме дека сме настинати, дека имаме вирус, грип, астма... Кога дознавме дека неговата состојба е безизлезна, меревме време и се надевавме – барем уште некоја година, до есента, до пролетта, па во недли, ајде уште оваа недела, па ќе биде добро денов да го истурна, но не успеа..., вели Ѓого неколку месеци по смртта на другарот од детството.
Ново на Сител
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции