Свет
22. March 2016 - 15:07

Ова се напаѓачите од Брисел: Истите се осомничени и за нападите во Париз

Полицијата најверојатно ќе се фокусира на Наџим Лакхаруи и Мохамеб Абрини, кои исто така се осомничени и за нападите во Париз.

Мохамед Абрини, човек на 30 години веќе е баран од полицијата. Тој го возел автомобилот Рено Клио со кого побегнале напаѓачите од Париз, пишува британски „Телеграф“.

brisel-napagjachi-2

Според белгиската полиција двајцата споменати напаѓачи биле вклучени во нападите во Париз од ноември минатата година и истрагата најверојатно ќе биде фокусирана врз нив, затоа што се смета дека тие се одговорни за тројниот напад и во „срцето на Европа“.