Ова се најважните витамини за здрава и блескава кожа

Сите треба да се трудиме да ја одржуваме нашата кожа и да се ослободиме од состојките кои негативно влијаат на неа. Постојат витамини кои треба да ги вклучиме во нашата исхрана кои гарантирано ќе го подобрат здравјето и структурата на нашата кожа, но и ќе го забават стареењето.
Витамин Ц
Овој витамин е моќен антиоксидант кој можеме да го најдеме во цитрусното овошје, кивите, брокулата, морковите, јагодите и доматите. Многу истражувања покажуваат дека тој помага да ја заштитиме нашата кожа од УВ зраците, но и помага во градење на колагенот.
Како што старееме, нашите тела ја губат способноста сами да произведуваат колаген и затоа е и важен овој витамин. Тој помага и за намалување на линиите и брчките на кожата. Освен тоа е и одличен за подобрување на имунитетот. Важно е да користите креми кои содржат витамин Ц, но и да конзумирате овошје и зеленчук кои го содржат овој витамин.
Витамин Е
Овој витамин е многу важен за убава кожа. Многу креми и лосиони гои содржат овој витамин кој ја штити кожата од влијанието на слободните радикали и помага во обновување на кожата. Тој е и одличен кога ќе се комбинира со витаминот Ц.
Нашите тела не можат да произведуваат витамин Е, така што важно е тој да биде вклучен во исхраната. Може да се најде во семките и јаткастите плодови, цвеклото, празот, брокулата, спанаќот и авокадото.
Витамин А
Ретиноидите кои се дел од многу креми произлегуваат од витамонот А. Тие се одлични за намалување на акните и бришење на брчките од нашето лице. Нашите тела го пренесуваат бета-каротенот од портокаловите овошја и зеленчукот како морков, слатки компири, кељот, марулата и спанаќот.
Б витамин
Постојат 8 витамини во Б групата (Б1, В2, Б3, Б5, Б6, Б7, Б9 и Б12). Заедно тие се познати како Б комплекс. Б витамините се одлични за кожата, косата и ноктите. Недостатокот од нив може да предизвика сува коса и кожа, но и проблеми со ноктите. Затоа, потребно е овие витамини да бидат дел од нашата исхрана. Конзумирајте пилешко, спанаќ, јајца, кељ, спанаќ, грашок, авокадо и портокали.
Витамин К
Овој витамин го спречува згрутчувањето на крвта и е одличен за нашата кожа. Тој ги спречува дамките на кожата, стриите и проширените вени. Земањето на овој витамин ја подобрува и еластичноста на кожата и ги спречува брчките. Најдобар извор на витамин К се кељот, спанаќот и другите зелени зеленчуци.
Ново на Сител
-

Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Темин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини
-

Трамп и Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон
-

АХВ: Ја разбираме загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрламе тврдењата дека не реагираме навремено во однос на сипаниците кај малите преживари
-

На Пелистер падна снег
-

Ѓорѓиевски: За брзo врeмe ќe бидe oткриeн причинителoт за влевање на непозната материја oд Лeпeнeц вo Вардaр
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
-

Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон
-

26-годишник живеел во вонбрачна заедница и силувал малолетно девојче повеќе од една година
