Живот
28. February 2016 - 19:45

Ова се можните учесници во новата сезона на Твоето лице звучи познато

Пред самиот почеток на новата сезона на спектакуларното музичко шоу Твоето лице звучи познато, неофицијално се дознаваат и имињата на можните учесници во ова шоу.

Во жирито ќе бидат Иван Ивановиќ и Ана Кокиќ, победничка на првата сезона, а водителката останува Марија Килибарда, се уште не е познато името на водителот.

Од женските учесници се споменуваат: Дара Бубамара, Славица Чуктераш, водителката на првата сезона на Икс Фактор Ана Михајловски, Катарина Остојиќ Каја, како и Ана Николиќ и нашата Тијана Дапчевиќ.

Од машките учесници како кандидати се имињата на: Халид Муслимовиќ, поранешниот учесник од Survivor Никола Роквиќ, Неша Бриџис, еден од актерите во Курсаџии Богољуб Митиќ Ѓоша и победникот на првата сезона на Икс Фактор, Македонецот Даниел Кајмакоски.

Останува уште многу малку време пред почетокот на уште една возбудлива сезона на спектакуларното регионално шоу Твоето лице звучи познато.

За нови детали Сител во континуитет ќе ве информира.