Живот
11. January 2018 - 11:14

Ова открива дали некој имал секс: На лицето се познава и 48 часа по сексуалниот однос

Општо познат факт е дека после добар секс блескаме, и тоа буквално. Тоа е природен сјај кој тешко може да се објасни со зборови, но еден поглед е доволен за да се забележи таква личност и сите колеги и пријатели знаат што се случило синоќа.

Тоа не е ни малку случајно, затоа што најновото истражување објавено во списанието „Psychological Science“ покажало дека по добар секс сјајот трае 48 часа. Покрај добариот секс, овој израз на лицето сведочи и на општото ниво на среќа во врската.

Научниците потврдиле и дека може да сјаат луѓето кои се во врска а немаат секс секој ден, но имаат исполнета врска и искрено се сакаат.