Ова лето на албанското крајбрежје се удавиле 11 лица, има недостиг на спасувачи
Единаесет лица се удавија оваа летна сезона на албанското крајбрежје, кое страда од недостиг на спасувачи, објави информативниот сајт „Егзит“.
На повеќето плажи во Албанија нема спасувачи или има минимален број на луѓе кои ги набљудуваат туристите, посочува „Егзит“.
Ова е проблем веќе неколку години. Во 2014 година, Националната крајбрежна агенција обучи 41 студент по спорт како сертифицирани спасувачи, но тие никогаш не беа распоредени.
Летото 2021 година, најмалку четири лица се удавија додека пливаа долж албанскиот брег. Претходните години беа забележани повеќе несреќни случаи во текот на целата сезона.
– Според одлука на владата, секое правно лице кое има концесија на површина на плажа мора да обезбеди спасител и набљудувачка кула, но тоа не се спроведува, посочуваат од „Егзит“.
Роберт Нечаи, потпретседател на Албанската федерација на спасувачи, рече дека многу од смртните случаи можеле да се избегнат доколку имало спасувачи на соодветните плажи.
Последен ваков случај беше минатата недела кога се удави 19- годишно момче во обид да ги спаси помалиот брат(15) и неговиот другар.
Ново на Сител
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација