-->
-->
Ова е сериозен инцидент: Манекенка се соблече гола пред Ѕидот на плачот, полицијата ја уапси
-->

Белгиската манекенка е притворена од полицијата во Египет бидејќи позирала гола пред древните храмови, нешто слично направила и покрај Ѕидот на плачот во Ерусалим за изложба која е неодамна отворена во нејзината земја.
Фотографијата на Мариза Перен (26) на која се гледа како се сонча гола на тераса на приватна куќа со поглед на плоштадот пред Ѕидот на плачот е на продажба во една галерија во белгиското летувалиште Кноке, објавиле белгиските медиуми.
Манекенката, со затворени очи, се испружила на столче, а во позадина се гледа женскиот дел од Ѕидот на плачот, најсветото место на кое Евреите можат да се молат.
Потписот под фотографијата е „Пат до ослободување“, но на неа не се гледа ниту еден дел од џамијата Ал-Акса, трета по значење во Исламот, која се ноѓа над плоштадот и фотографот сигурно морал да ја забележи, наведува еврејската новинска агенција(ЈТА).
Фондацијата за наследство на Западниот ѕид во соопштение проценила дека изложената фотографија е сериозен инцидент, а рабинот задолжен за Ѕидот на плачот, Шмуел Рабинович, го означил за несреќен и непријатен оценувајќи дека ги навредува оние кои се молат на тоа свето место.
Инаку, оваа манекенка често објавува голи фотографии направени на различни делови во светот, а својот животен стил го опишува како „гола слобода каде маските паѓаат и се фрлаат во океанот“.




-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
