Џет-Сет
27. October 2017 - 15:27

Ова е новото момче: Дара Бубамара го заведе познатиот кошаркар

Дара Бубамара во последните седум месеци е во љубов со Немања Безбрадица, кој до пред две години играше за Партизан, а моментално го носи дресот на Беовук 72.

Пејачката и кошаркарот од март се заедно, а нивната врска е толку силна што тие не се разделуваат.

-Ги запознаа заеднички пријатели на настапот на Дара во еден белградски клуб. Искрите се појавија уште на прв поглед. Немања веднаш почна да ја  опсипува со внимание, па набрзо неговата упорност вроди со плод. На Бубамара и се допадна што е вистински џентлмен и многу духовит. Тогаш си ги размениле броевите и веќе утредента отишле на ручек. На првиот состанок ја почнале врската, раскажа извор близок до Дара.

Тој вели дека пејачката никогаш не била посреќна.

-Буквално не се раздвојуваат. Двајцата се среќни и вљубени. Немања ја држи како капка вода на дланка. Бара блеска и секогаш е насмеана, а дури и најблиските пријатели ги запознала со новиот избраник. Сите беа воодушевени каква двојка се, и сите и зборуваат дека тој е полн погодок за неа. Таа и се пофали на пријателката дека никогаш не се чувствувала вака и дека мисли врската со Безбрадица ќе потрае, заклучи пријателот на Бубамара.