Живот
19. August 2015 - 15:22

Ова е новиот Хозе, преживеа операција на џиновски тумор на вратот

Момче од Мексико со огромен тумор на вратот е спасено со 16-часовна операција во САД.

Хозе Антонио Рамирес Серано, e 11- годишно дете од Хуарез во Мексико, на кое поради туморот му беше загрозен живот. Имено туморот долг 30 сантиметри го блокираше неговиот грклен и правеше притисок врз белите дробови и срцето.

Благодарение на мисионерите и американските власти, Хозе отпатува во Албакирки, Њу Мексико каде беше извршена операцијата што му го спаси животот.

Израстокот наречен Лимфагиона, беше сложен и формираше болни цисти.

Хозе поради него не можеше да вози велосипед, да плива или трча, зошто можеше да падне и да искрвари. Дури му беше забрането и да излегува на улица поради големиот и тежок израсток.

Откако мисионерите од Првата Баптистичка црква од Рио Ранч го забележаа во сиромашниот кварт во Хуарез, Хозе беше донесен во Њу Мексико со медицинска виза и надеж дека ќе му најдат лек

Лекарите се двоумеле да го опериаат лимфагиомот, микс на венозен и лимфен израсток, поради крвните садови и ризикот од инфекции.

Но и покрај ризикот се одлучија да го оперираат за да му го спасат животот.

Малиот Хозе пред операцијата изјави дека се плаши и е нервозен зошто никогаш не бил на операција.

Неговиот татко бил свесен за ризикот од операцијата, но сега е пресреќен што се излегло добро.

Неговата мајка Синди исто така се радува: По операцијата тој ќе може да вози велосипед и да игра фудбал со браќата,

Тим од 12 хирурзи го оперираа Хозе цели 16 часа. Тие успешно со отстранија туморот од 30 со 10 сантиметри.

Малечкиот почнал да масивно да крвари во текот на операцијата, но успеале да ги заменат некои од крвните садови и да го спасат.

Сега со него се е во ред и туморот повеќе не расте.