-->
-->
Ова е напаѓачот на синагога во Калифорнија: Тинејџерот најавил масакр на интернет
-->

19-годишно момче е уапсено по пукањето во синагога за време на еврејскиот празник Пасха во американскиот град Пои, северно од Сан Диего.
Најмалку едно лице беше убиено, а неколку други беа повредени, рече градоначалникот на градот, цитиран од Си-Ен-Ен.
Пукањето било регистрирано во синагогата на Конгрегацијата Чабад во градот. Според градоначалникот, веројатно е злосторство од омраза.
Припадник на обезбедувањето пукал врз напаѓачот додека тој бегал, но го промашил и го погодил неговиот автомобил.
– Напаѓачот успеа да побегне со автомобил, но подоцна полицијата го стигна на автопатот и го уапси, истакна шефот на полицијата на Сан Диего, Дејвид Нислајт.
Ернест нема криминално досие, но се испитуваат тврдењата од манифестот објавен на интернет, каде тврди дека тој минатиот месец подметнал пожар во џамија во близина на градот Ескондидо, при што беше причинета само материјална штета.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за новинарите во Белата куќа: “Во овој момент, ова изгледа како злосторство од омраза, но јас го испраќам моето најдлабоко сочувство до сите оние кои се засегнати и ќе го донесеме случајот до крај”.
Четири лица беа однесени во блискиот медицински центар по пукањето. Таму починала 60-годишна жена. Останатите три се во стабилна состојба.
57-годишниот рабин, кој исто така е погоден , има рани, и најверојатно ќе го изгуби показалецот од десната рака. 34-годишна жена и девојка имаат рани од куршуми. Девојчето има повреди на нозете и лицето. Стрелецот е идентификуван како Џон Ернест од Сан Диего.
Властите истражуваат дали има врска со пожар во џамија во блискиот град Ескондидо од минатиот месец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал