-->
-->
Ова е најтажна слика од Балканот: Шестгодишно девојче останато без мајка спие само на улица!
-->
Глетката која го потресе цел Балкан е од Нови Пазар каде на улица е пронајдено девојче кое спие само под отворено небо, покриено со ќебе.
Неа ја затекнале на улица во овој српски град. Девојчето веќе некое време спие тука секоја ноќ. По смртта на нејзината мајка и таткото кој бил социјално неспособен за старателство, таа е препуштена на улица.
Според извори од полициската управа во Нови Пазар девојчето не е единствен случај во тој град. Во тунелите зад и под Лучна згради или Хотел Врбак можно е да се најдат уште деца што спијат на улица, иако не се сите питачи.
Моментално децата од Нови Пазар кои немаат старатели ги испраќаат во домот за сираци во Белград или во другите градови во Србија.
-->
-->
-->