Ова е најстарата фотографија во светот

Светот на денешнината е свет на фотографии.
Од безбројни селфи до слики што денес се јадело во ХД квалитет или разубавено со филтери на паметни телефони, тешко е да се замисли дека пред 200 години немало воопшто фотографии, пренесува „Блиц“.
Иако тешко е да се одреде која точно е прва снимена фотографија, најстарата слика која преживела до денес секако е „Поглед од прозорец во Ле Грас“. Снимена во 1826 година, тоа е хелиографска слика која ја направи Французинот Нисефор Нијепс.
Пионерот на фотографијата бил хемичар аматер, кој ја сакал уметноста, но немал сликарски талент. Наместо тоа, тој одлучил да развива фотохемиска постапка со која пренесувал бакрорези на литографски камен, а целата постапка ја нарече „хелиогравура“.
Проблемот во 1825 година го реши Нисефор Нијепс. Неговата метода барала повеќечасовна експозиција со многу силно дневно сонце. Сепак, неговата метода не се покажа најдобра па во партнерство со парискиот сликар Луј Дагер покрена истражување на нови методи.
Во 1833 година Нијепс почина, па Дагер сам продолжил со истражувањето. Во 1839 година тој најави дека пронашол начин како да произведе перманентен позитив. Тој изум наречен е Дагеротипија, а Владата на Франција изумот веднаш го откупи и понуди на сите заинтересирани кои сакаа да се занимаваат со фотографија. Дагер и внукот на Нијепс за возврат добиле доживотна рента.
Најстарата фотографија на која се наоѓа и човек „Boulevard du Temple“ од 1838 година.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
