-->
-->
Ова е најглупава кражба во историјата
-->

Полицијата во Сан Рафаел уапси човек под сојузната држава Џорџија од сомнение дека украл скапоцен автомобил, Ферари 448 ГТБ.
Полицијата реагирала по дојавата на граѓаните дека мажот се однесува сомнително и бара пари за гориво за луксузен автомобил. На лице место го затекнале 36 годишниот Роки Хименез од Џорџија, кој тврдел дека Ферарито му припаѓа на него, дека во последните две години било на сервис и дека го земал неодамна.
Тој на полицајците им кажал дека во ранецот има документи како доказ дека е сопственик и дека слободно може да погледнат. Меѓутоа, во текот на претресот полицајката Лиза Холтон, пронашла клучеви од Ферари 488 ГТБ, како и уште еден модел, но никакви документи не биле пронајдени, што ги разбудило сомнежите.
Набрзо бил контактиран салонот на Ферари во близина, кој пратил претставник да го испита возилото, после што било утврдено дека скапоцениот автомобил е украден од сервисниот центар во Сан Рафаел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
