-->
-->
Ова е најдобриот начин како да престанете да пушите цигари!
-->
Резултатите од студијата која е спроведена на Оксфорд покажува дека наглото оставање на цигарите навистина е најдобар начин да се откажете од оваа лоша навика.
За време на истражувањето, научниците дошле до заклучок дека пушачите кои одеднаш ги оставаат цигарите имаат дури 25 отсто шанса да не пушат ни по четири недели, но и 42 отсто повеќе шанси да не запалат цигара ни во следните шест месеци. Тоа, за жал не важи за оние кои постепено ги намалуваат цигарите, со надеж дека ќе ги остават еден ден.
Објаснувањето се крие во тоа што лицата кои ги намалувале цигарите потешко се одлучувале дефинитивно да престанат со пушење, но таа пракса воедно ја зголемува потребата за цигари.
Една година откако ќе престанете да пушите, ризикот од кардиоваскуларните болести се намалува за 50 отсто, а десет години откако ќе ги оставите цигарите се намалува и ризикот од воспаление на белите дробови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ
-
Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот вo Појасот Газа