Ова е младиот Коста кој беше пронајден мртов - голема тага
Младиот Коста С. кој беше пронајден мртов во Демир Капија, денеска ќе биде испратен во вечниот дом. Моторџијата кој беше пријавен за исчезнат, по што за жал, го пронајдоа мртов, ќе биде погребан на гробиштата во Кавадарци денеска на пладне.
Момчето беше пронајдено вчера рано наутро во 5 часот и 40 минути кај на патниот правец Демир Капија – Неготино, во близина на местото Прждевски споменик. На социјалните мрежи претходно се споделуваше информацијата за неговото исчезнување. Според пишувањата, тој последен пат бил виден на собир со мотори, од каде што заминал со мотор „хонда“, по што му се губи трагата.
Инаку, во текот на вчерашниот ден, полицијата соопшти детали за смртта на Коста, која ја потресе македонската јавност. По извршениот увид полицијата го потврди идентитетот и информира дека 25 годишниот Коста С. од Кавадарци вчера управувајќи мотор „Хонда“ изгубил контрола, излетал од коловозот и починал на лице место.
Ново на Сител
-
Скопјанец ја пријавил за исчезната невенчаната сопруга
-
6 лица повредени во сообраќајка кај Дебарца
-
Седница на собранието
-
СДСМ: Владата да најде лекови за Онкологија
-
ДУИ: Граѓаните плаќаат за министрите на Вреди да се шетаат
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се извини за Груби
-
ДКСК на второ место согласно Извештајот за транспарентноста на државните институции за 2024
-
Прилепското обвинителство чека извештај од полицијата за повредениот ученик