Ова е Метју: Го викаат Малиот принц, а во суштина е голем борец

Метју Ридл III од Луисвил многумина би го сметале дека е новороденче. Но тој има 7 месеци. Неговата мајка Џенавив Кук се породила во 28 недела. Метју се родил со тежина од 450 грама. По 98 дена поминати на одделението за неонатална интензивна нега, пуштен е дома, но со нејасна дијагноза.
-Прво ми рекоа дека има микроцефалија, дека има глава помала отколку што би требало поради абнормалниот развој на мозокот. Ни рекоа дека мозокот престанал да му се развива, и дека нема долго да живее и дека квалитетот на животот ќе му биде низик, раскажува неговата мајка.
Но, по три месеци стигнаа резултатите од новите испитување кои потврдија дека овој „мал принц“ има ретка форма на џуџест раст, примордијален дворфизам, тип 2.
Метју ќе има нормален живот, ќе може да оди на училиште, да се развива, да учи, да си игра, само што секогаш ќе биде малечок. Сега тежи околу килограм и 600 грама.
Родителите му купуваат облека за кукли зошто е премногу мал за помалите броеви за бебиња.
Мајката вели дека ја има целосната поддршка од многу луѓе и со нив дели искуства, но и дека има и такви кои и поставуваат незгодни прашања.

Ова прекрасно детенце е вистински борец. Минатата недела беше на првата операција, а наскоро ќе оди и на втора поради мозочните удари и напади кои ги има како резултат од болеста. Операциите треба да му помогнат.
Родителите отворија страница за донации и веќе собраа над 6.000 долари. Ќе им требаат уште за операциите што ќе престојат.
Бидејќи брачната двојка има уште два сина, буџетот им е премал за здравствените потреби на најмалечкиот Метју.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-

Возачите да внимаваат, одрон повторно на автопатот Скопје-Велес
-

На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа
-

Изменет сообраќаен режим денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
