Ова е германската Венеција: Познатото пристаниште поплавено, водостојот 2,7 метри повеќе од нормалното

Бран плима кој настанал поради бурата Сабина во Хамбург, поплави дела од пристаништето и рибниот пазар, а последниот бран се очекува вечерва, кога водостојот е на највисоко ниво.
Според наводите на Сојузниот завод за поморство, водостојот во Хамбург сега е 2,76 метри над просекот.
Вечерва се очекува и петтиот, последен по ред бран плима, кој го предизвика бурата Сабина, која на почетокот на неделава помина низ Германија.
Како што пренесува Хина, поплавени се неколку улици во познатиот кварт Сент Паули, а пожарникарите извлекоа неколку автомобили од водата.
Водата им оневозможи пристап на граѓаните во неколку станици на градската железница. Жителите на Хамбург и околината се предупредни да го избегнуваат одењето во шума поради скршените гранки кои останале во кошните на оштетените дрвја.
Бурата Сабина од неделата до вторникот утрото го парализираше железничкиот, а во добар дел и воздушниот и патниот сообраќај.
Според проценките на експертите, бурата нанела помали штети од очекуваните.
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
