Ова е екипата на Лепа Брена: Вака денеска изгледаат членовите на Слатки грех
Последниот настап на „Слатки грех“ беше во 1994 година на концертот на Брена на Ташмајдан. Потос се повлекоа од јавната сцената, но поединци останаа се уште да се занимаваат со музика.
Всушност и ден денеска постои бендот „Слатки грех“ но со нешто подмладен состав и свират на свадби и разни прослави. Од старите членови останаа само тапанарот Бранислав Мијатовиќ Мија и гитаристот Зоран Раданов Зоки, кој се натпреварува во шоуто „Никад није касно“.
Во ова шоу се појавија како поддршка на Зоки и другите членови од популарниот бенд.
Слатки грех пред три години остана без едниот член. Имено, Душан Трифунчевиќ, познат како Лепи Бора, почина на 24. февруари 2014 година по долго и тешко боледување.
Лепа Брена тогаш изрази голема жалост и откри како Душан стана Лепи Бора.
-Заминувањето на Лепи Бора или Максо како што го викавме во бендот, голема е загуба не само за неговото семејство, туку и за нас, неговите колеги и пријатели. Кога Лепа Брена стартуваше како брендм сакавме да имаме некој симпатичен весел човек кој ќе биде лудо вљубен во неа, па изборот падна на Максо кого го прекрстивме во Лепи Бора, наведе тогаш пејачката.
Ново на Сител
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови