Џет-Сет
23. January 2016 - 13:18

Ова е девојката за која е напишан хитот „Zbog jedne divne crne žene“

Легендарниот хит  „Због једне дивне црне жене“ , Кичо Шлабинац го напишал по кратката врска со Мирјана Антовиќ, сега е позната како поранешна љубовница на  Мирослав Илиќ, која сега тврди дека со фолкерот го има синот Девин. 

Овој југословенски хит настанал во далечната 1972 година и зборува за разделба.

Пејачот пред неколку години изјавил дека оваа песна му е автобиографска. 

- Отидов на турнеја во Њујорк и таму запзонав една црнокоса девојка. Се заљубив како дете и секогаш во нашата професија доаѓа она најтешкото. Разделба. Но знам дека кога си одев во авионот многу патев. Во таа сребрена птица сите беа воодушевени од сонцето, а јас седев тажен и сам. Така и го направив овој текст. Стана најбарана бидејќи е  напишана искрено и од срце, изјавил тогаш пејачот. 

Во продолжение слушнете го легендарниот југословенски хит...