Живот
14. August 2015 - 21:08

Ова девојче секогаш ќе биде гладно - без разлика колку многу јаде

Малата Роси Греј секогаш ќе биде гладна, без разлика колку многу јаде.

Девојчето е родено со ретко генетско пореметување, познато како Прадер-Вил синдром, што предизвикува постојан глад, пренесува британски Mirror.

Роси поради синдромот, секогаш ќе има голем апетит, а дури и да го задоволи, повторно ќе биде гладна.

Нејзината мајка, Сара за британскиот медиум изјавува дека Роси во мозокот има недостаток што ќе и кажува кога не треба да јаде.

Семејството на Роси сепак е спремно да се соочи со болеста и да и помогне.