Живот
16. December 2015 - 12:05

Oва бебенце го исмејуваат поради неговиот деформитет - Еве како неговата мајка одговори

 
Тој е совршен баш таков каков што е. Со овие зборови мајката на ова мало детенце допре до милион срца ширум светот. Оли Трезиќ е роден со ретко пореметување на носето, поради кое е често исмејуван, иако нема никаква причина за тоа.
 
Неговата мајка Емили Пул вели дека нејзиното момченце многу често луѓе го нарекуваат грдо поради деформитетот. Некои велат дека детето е ружно и дека не требало ни да се роди.
 
Инаку, кога Емили била во 20-та недела од бременоста, лекарите и рекле дека детето има меко ткиво кое му расте на лицето. Тие не знаеле точно како ќе се развие.
 
- Кога ми го дадое во прегратка бев толку изненадена. Не можев ни да зборувам, беше толку малечот, а имаше толкав израсток. Како топче за Голф. Јас го сакам ваков каков што е, вели таа.
 
Малото момче денеска е здраво и среќно и покрај злобните луѓе кои секогаш зборуваат.
ж