ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ од Кавадарци доби награда на конференција во Грција
Основното училиште „Тоде Хаџи Тефов“ од Кавадарци ја доби наградата „Марија Склодовска-Кири“ за проектот „Млади научници“, на е-твининг конференција што се одржа во Атина.
Како што информираа денеска од училиштето, на конференцијата во Грција учествувале повеќе од 500 наставници, членови на националните агенции, членови на Европската комисија и претставници од министерствата за образование на 41 држава. Темата на конференцијата била „е-твининг и дигиталното граѓанство“. Во нејзини рамки имало предавања за тоа како училиштата да ги подготват учениците за целосното дигитално општество во иднина.
- Беа доделени 12 награди во различни категории, а едната од нив ја прими наставничката по англиски јазик Елизабета Филипова, е-твининг амбасадор во Република Македонија. Оваа награда првпат ја добива училиште од Македонија, заедно со партнерите кои работеа на заедничкиот проект. Учествуваа училишта од 40 европски држави, соопштија од училиштето.
Учениците од шесто одделение, како што информираа, имаа видео конференции со ученици од сите европски држави и правеа експерименти за да научат за својствата на водата и воздухот. Учениците нацртале цртежи и напишале пораки за тоа како да се зачуваат водата и воздухот, ги изложиле и направиле видео записи. Видео записите биле објавени на социјалните мрежи и учениците ги споделувале со цел да се прошират нивните пораки.
Е-твининг е платформа за соработка со наставици од сите европски држави на заеднички проекти со употреба на ИКТ, а е под поткровителство на Националната агенција за европско образование и мобилност.
Во овој проект учествуваа ученици од шесто одделение и наставничките Елизабета Филипова, Цвета Маркушева, Слободанка Стоева, Елеонора Гурева, Снежана Костова и Славица Јаневска.
Ново на Сител
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука