ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода енергетски обновено

Заврши реконструкцијата на централното основното училиште „Круме Кепески“ во општина Кисела Вода. Заменети се прозорците и покривот, а изведена е нова фасадна топлинска изолација. Проектот чини 11,3 милиони денари, а средствата се обезбедени од Општината, од Цементарница Усје АД Скопје и од УНДП.
Градоначалничката на Кисела Вода Билјана Беличанец - Алексиќ денеска го посети училиштето заедно со претставникот на УНДП Луиза Винтон и со извршниот директор на Цементарница УСЈЕ Борис Хрисафов.
Беличанец - Алексиќ информира дека најкритична била состојбата со покривот со азбестни плочи и додаде оти при поројни дождови доаѓало до прокиснување и влага.

- Проектот го поделивме во три дела. Во реконструкција на покривот и изолацијата учествуваше УНДП, а во промената на фасадата Цементарица Усје. Општината Кисела Вода, со сопствени средства, од буџетот ја направи промената на прозорците, рече Беличанец-Алексиќ.
Винтон истакна дека ова е одличен пример за соработка меѓу општината, приватниот сектор и Програмата за развој на Обединетите нации.
- Ја намаливме емисијата на стакленички гасови во придонес на климатските промени и обезбедивме подобри училници за учениците и вработените, рече Винтон и изрази надеж дека и другите општини ќе го следат примерот на Кисела Вода.

Хрисафов информира дека компанијата Цементарница Усје постои во општината повеќе од 60 години и додаде оти работат на подобрување на условите на децата, од градинките до средните училишта. Ги охрабри и другите компании да им се приклучат.
ОУ „Круме Кепески“ е изградено во 1961 година и има површина од 2.716 метри квадратни. Има 28 паралелки и 604 ученици.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
