Македонија
17. September 2015 - 9:12

Отворени денови на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања

Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје по повод одбележувањето на 50 години од постоењето и работењето, денеска и на 24-ти овој месец организира Отворени денови во Институтот.

Во рамки на Отворените денови ќе бидат претставени основните дејности на Институтот, како што се научно-истражувачката и наставно-образовната дејност во рамки на која во континуитет постојат постдипломските студии од областа на комуникациите, менаџментот на човечки ресурси, општествениот развој, културата во ерата на кибернетиката, политичките науки и човековите права, нови медиуми и социјални мрежи.