Македонија
21. September 2022 - 20:07

Oтворена првата сензорна соба во Радовиш

Во рамки на проектот Биди ИН биди ИНклузивен, биди ИНклудиран,, отворена првата сензорна соба во Радовиш. Се работи за специјализирана просторија сместена во училиштето Крсте Петков Мисирков која треба да го поттикне аудитивниот, визуелниот, физичкиот и тактилниот развој кај учениците со и без пречки во развојот или образовни потешкотии. Проектот е  е финансиран од Европската Унија, а го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи ,,Чекор по чекор,, заедно со нивните партнери,

Од училиштето Крсте Петков Мисирков во кое учат 1200 ученици и важи за едно од најголемите во државата  очекуваат дека со реализацијата на овој проект бенефит ќе имаат сите,а не само децата со попреченост.

Проектот доби поддршка и од локалната самоуправа од каде што очекуваат дека дека истиот ќе помогне инклузивноста од теорија да се спроведе и во пракса.

Проектот ,,Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран,, има за цел да обезбеди рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта. Целта е преку создавање на пристапни и стимулативни средини за учење, училиштата опфатени со проектот да станат места со еднакви можности за образование за сите деца.