Отворена првата џамија во Атина
– По 14 години и по низа бирократски пречки, првата џамија во Атина, вчера, ги отвори вратите за верниците, јави дописничката на МИА од Атина.
Првата молитва се одржа под превентивни мерки за заштита од коронавирусот, а генералниот секретар за религија од Министерството за образование и религија на Грција Георгиос Каланѕис за „Катимерини“ вели дека по долги обиди на сите Влади уште од 2006 година, кога беше изгласан конкретниот закон, џамијата конечно е завршена.
-Грција испраќа јасна порака во и вон земјата. Порака на демократија, верска слобода и почитување. Но, во исто време е и порака за придржување до легитимноста и почитувањето на културата на нашата земја, вели Каланѕис.
Според весникот, дневно ќе се одржуваат по пет молитви, а планирано е и свечено отворање на џамијата, за кое управниот одбор, дополнително ќе соопшти, во зависност од текот на пандемијата.
Во јуни 2019 година, откако беше финализирана изградбата, џамијата ги отвори вратите за тогашниот министер за образование и религија на Грција, како и за новинарските екипи.
Џамијата е на мала оддалеченост од центарот на Атина, во специјално уреден простор, со голем двор со детско игралиште и фонтана, со капацитет во внатрешноста да прими 350 лица (300 мажи и 50 жени), но е без минариња.
Внатрешноста на џамијата е поделена во два дела, едниот поголем наменет за 300 верници – мажи, другиот, мала просторија за 50 жени.
Во главниот, поголемиот простор се наоѓа и посебниот дел во облик на полумесечина, вгарден во ѕидот што е наменет за имамот, а над него, на арапски е напишан дел од Коранот. Поставен е, за верниците, за време на молитвата да гледаат во насока на Мека.
Станува збор за прва државна џамија, што значи дека целата одговорност и за чување и за целиот простор ја има државата.
Атина беше единствената европска престолнина што немаше џамија, а сега станува првата европска престолнина во која ќе функционира државна џамија.
Муслиманите кои живеат во Атина, верските ритуали досега ги извршуваа во импровизирани простории од кои, само неколку се легални.
Ново на Сител
-
Повикај пријател или професионален коуч? | Марина Анчевска | Sitel Podcast 065
-
Пукање кај Смилковско езеро
-
Во период од 20 минути вчера во Скопје пријавени два инциденти со физички напад од страна на група лица
-
Приведен маж поради закана за поставување експлозив пред куќа во тетовско Мала Речица
-
Пронајдена неексплодирана граната од Втора светска војна на нива во скопско Бојане
-
Пронајден починат затворник во КПУ „Идризово“
-
Кривична пријава за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана
-
Полицијата повторно го уапси Акиф Равманоски кој беше помилуван од претседателката Сиљановска Давкова