Отворена претоварна станица за смет во Тетово
Градоначалничката на Тетово Теута Арифи во присуство на претставници од Јавното комунално претпријатие Тетово ја отвори претоварната станица за смет која се наоѓа во близина на тетовското село Требош, на само три километри од градот Тетово.
Во оваа станица ќе се претовара отпадот кој ќе биде собран од домаќинствата на дневна основа, а потоа истиот ќе се носи во контејнери во скопската депонија „Дрисла“.
Градоначалничката Арифи рече дека ова е само почеток на решавање на проблемот со сметот. За конечно решение на овој децениски проблем, според неа, треба да се изгради станицата за рециклирање на сметот и да се уреди регионалната депонија „Русино“, проекти за кои Општината Тетово во соработка со странски организации работи.
- Ова е историски момент за Тетово. Ѓубрето повеќе нема да се истура на земја, туку ќе се истура во инка и нема да има никаков допир почвата со сметот, но ние сега работиме исто така и на станицата за рециклирање на сметот. Со оваа станица ќе се зајакне финансиската состојба на комуналното претпријатие од една страна, а од друга страна ќе се намали количината на ѓубре е ние секојдневно го претовараме и го носиме во скопската депонија „Дрисла“. Вториот момент е уредување на регионалната депонија „Русино“ за кое што преговараме со другите општини од Полошкиот регион. Со нејзиното уредување комплетно ќе се реши проблемот со ѓубрето во Полошкиот регион, изјави Арифи.
Таа, исто така, изјави дека локацијата каде досега се претовараше сметот на самиот влез од Тетово ќе биде исчистена за многу кратко време и целото место ќе биде третирано со соодветни хемиски препарати.
Ново на Сител
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово