Македонија
1. October 2015 - 17:02

Отворена нова детска градинка во Гостивар

Гостивар доби нова детска градинка во која ќе бидат згрижени 120 деца од предучилишна возраст. Градинката „Пчелка“ е сместена во простории на гостиварскиот интернат, целосно реновирани и уредени за престој на дечињата. Ова е трета јавна детска градинка во Гостивар и е заедничка инвестиција на општината и ресорното Министерство.

И во наредната година Министерството ќе ги зголемува капацитетите на установите за згрижување деца и во други градови.

Децата од градинката се заблагодарија со пригодна приредба.