Отворена манифестацијата „Илинден 2016“

Во присуство на голем број писатели и љубители на пишаниот збор, во салата на Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден денеска на свечен начин беше отворена 17. литературна манифестација „Илинден 2016“.
Манифестацијата ја отвори градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, кој потенцира дека оваа општина станала препознатлива токму по овој настан, заблагодарувајќи им се притоа на сите кои придонеле таа да биде една, како што рече, од престижните во областа на културата во Македонија.
Во рамките на свеченоста по повод отворањето на литературната манифестација беше отворена изложба на академик Васко Ташковски. Изложбата насловена „Вселенско патување“, ја отвори писателот Ефтим Клетников. Тој се осврна на творештвото на Ташковски и на самата изложба која е всушност избор од творештвото на овој доајен на македонската ликовна уметност.
Љубителите на уметноста имаат можност да видат 40 дела на овој наш реномиран автор, кој покрај сликањето во маслена техника, работи и акварел, цртежи и графика, а повремено и графички дизајн. Васко Ташковски досега има реализирано 52 самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјата и во странство. Добитник е на 18 награди и признанија. За творештвото на Ташковски досега се снимени 8 телевизиски филмови.
Свеченото отворање на 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“ беше заокружено со настап на Драган Даутовски.
На Програмата на литературната манифестација денес напладне е промоцијата на книги од млади автори, а вечер ќе бидат одбележани 80 години од раѓањето на современите македонски писатели Оливера Николова, Иван Чаповски и Михаил Ренџов.
Во рамките на манифестацијата во Домот на култура „Илинден“, како што соопштуваат од општината, аод 16 до 20 мај ќе се одржи саем на книгата под мотото „Денови на книгата“, каде што љубителите на пишанот збор ќе можат да најдат богат избор на книги и да се запознаат со најновите изданија.
Ново на Сител
-

ЦУК: Досега нема пријава за пожар на Водно, чадот над Скопје е од пожарот на Китка
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
