Отворена изложбата „Артерии“ на ликовната група „Пресек“ од Струмица
Во изложбениот салон на Завод и музеј Струмица синоќа беше отворена изложбата „Артерии“ на ликовната група „Пресек“ од Струмица.
На оваа, втора изложба на групата, што ја сочинуваат четворица ликовни уметници од Струмица, Љупка Галазка-Василев, марјан Ѕин, Никола Пијанманов и Ване Костуранов беа изложени дела кои авторите ги создале оваа година.
-Со оваа групна изложба, авторите како да го воспоставуваат уште еднаш тој голем крвоток и ја доведуваат оксидираната крв повторно на вистинско место, во средиштето на градот, во центарот на нашето културно живеење, во тежиштето на нашата свест и внимание. Секој од нив, претставува една артерија, еден особен полнокрвен глас, кој како ехограф го дијагностицира проблемот на денешната мачна стварност, рече Трајче Бјадов, промоторот на изложбата.
Бјадов за делата на Галазка-Василев ќе забележи дека се со изграден сензибилитет.
-Љупка трага по нови простори, преку комбинирање техники, нудејќи секогаш свежи решенија, кои ја надминуваат херметичната и заводлива апстракција и отвораат една добро лоцирана, истражена и препознатлива емоција, вели Бјадов.
За делата на Ѕингаров, промоторот посочи дека преку систематското тематско-мотивско проблематизирање на симболот, знакот, алегоријата, често се повикува на една проверена македонска ликовна традиција, со цел да изнајде графичко решение за добра композиција.
-Во новите истражувања на просторот и симболот, тоа е едно мапирање на просторот, каде означеното се чита како тајно писмо кое треба да не одведе до разоткривање на некоја тајна, некое тајно место, рече Бјадов.
Според него, заробува проникливото задлабочување на религиско-филозофско-историско-хуманистичките феномени, познавањето на христијанската симболика, филозофската запрашаност на делата на Пијанманов.
Осврнувајќи се на делата на Ване Костуранов, промотоорт посочи дека можеби во нив го има најособениот ликовен израз, ослободен од академизмот во сликарството и неговата потрага по приказната, нејзиното раскажување, донесувањето и пренесувањето на емоцијата која, според Бјадов, никого не остава рамнодушен.
Ново на Сител
-
Истражителите сметаат дека смртта на Џин Хекман и неговата сопруга е „сомнителна“
-
Организирале борба со кучиња - уапсени три лица во тетовско
-
Штитеник на старечки дом во Белгија уби двајца свои состанари, а рани трет
-
Џулијани: Пресудата за Додик е јасен политички прогон
-
Негативен природен прираст, помалку склучени, а повеќе разведени бракови
-
За неполни два месеци 74 случаи на заплени - над четири пати зголемен бројот на кривичните пријави
-
Мицкоски во Турција на средба со Ердоган, ќе се потпише политичка декларација за основање Совет за соработка
-
Директор на Културен центар во Охрид ја злоупотребил службената положба и го оштетил буџетот за 46.520 денари