Отворена истрага за разбојништвото во казиното „Адмирал“ во Аеродром

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле „разбојништво“.
Како што соопшти Јавното обвинителство, еден од осомничените го сторил делото како соизвршител, додека второто осомничено лице помогнало во вршењето на кривичното дело.
Осомничениот 22-годишен скопјанец, на 20 јули 2019 година околу 22 часот, заедно со едно засега непознато лице, негов соизвршител, со употреба на пиштол се заканил на двајца вработени во казиното „Адмирал“ лоцирано на улица „12 Македонска Бригада“. Маскирани со фантомки, разбојниците влегле од задната врата на казиното и одзеле 126.161 денари. Во исто време, второосомничениот, 19-годишен скопјанец, ги чекал двајцата сторители во возилото „Ауди А5“ кое го ставил на располагање за обезбедување превоз, со што помогнал во вршењето на кривичното дело. Откако осомничените излегле од казиното, биле пресретнати од овластени службени лица по што побегнале.
-Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека за едно од осомничените лица се исполнети законските основи за обезбедување на непречено водење на кривичната постапка , па до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор. Предлогот на обвинителството беше прифатен од судот, по што на осомничениот му е определен притвор со траење од 30 дена, наведува Обвинителството.
Ново на Сител
-

ЦУК: Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни
-

Ѓорѓиевски: Со пуштање на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ и Градскиот воз, Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај
-

Ѓорѓиевски: Наскоро тендер за целосно сервисирање на жичницата, остранувањето на дивоградбите продолжува
-

Оперативна акција Global Chain за сузбивање на трговија со луѓе: Откриени три кривични дела и 49 прекршоци во нашата држава
-

Трамп: Или ќе биде постигнат договор со Иран или САД ќе ја довршат работата
-

Јаневска: Околу 30 ученици испратени на меѓународни научни олимпијади без грижа за трошоци
-

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари
-

Трамп: Решавањето на украинскиот конфликт е поблиску отколку што мислат луѓето
