Бизнис
19. September 2016 - 21:23

Отворена фабрика за производство на флаширана вода

Почна со работа новата фабрика за производство на флаширана вода во дебарско Гари. Станува збор за хрватско македонска инвестиција вредна 14 милиони евра. Досега во фабриката се вработени 25 лица а во иднина се очекува бројката да расте.

Според министерот за привлекување на странски инвестиции Мицковски новите вработувања во фабриката целосно ќе го заживеат реканскиот регион. Тој го потенцираше значењето на водата како ресурс на иднината.

Фабричката зграда зафаќа површина од 4000 м2. Лоцирана е покрај регионалниот пат Бошков мост-  Извор на само 5 км од изворот. Опремена е со машини од насовремена германска технологија.

Во новата фабрика ќе се произведува негазирана и газирана вода во стакло и пластика под брендот Маја. За почеток ќе се продава само на македонскиот пазар а во иднина е планирано да се извезува и на европските пазари како и во арапските земји.