Отворена детска градинка во кочанско Оризари

Дополнителниот заменик министер за труд и социјални работи, Диме Спасов, денеска во кочанската населба Оризари свечено ја отвори детската градинка „Кокичиња“ клон на ЈОУ ДГ „Павлина Вељанова“ од Кочани.
Станува збор за објект во кој Министерството за труд и социјална политика заедно со општина Кочани вложи три милиони денари.
- Барањата на жителите на Оризари, поголема населба од над 4 500 жители, за отворање на ваков објект датираат од поодамна. Еве сега ја реализиравме нивната желба. Во момоментот овде се згрижени 33 деца, а капацитетот е за педесет. Верувам дека овој објект навистина ќе им помогне на сите родители што имаат деца на таа возраст и оти ќе одат на работа безгрижно, затоа што децата веќе се соодветно сместени, изјави дополнителниот заменик министер, Диме Спасов.
На отворањето на „Кокичиња“ денеска во Оризари, присуствуваше и кочанскиот градоначалник Ратко Димитровски, кој рече дека најпрво селото Бели, а сега и Оризари доби детска градинка, а следното населено место во Општината што ќе добие детска градинка е Тркање.
Спасов ја обвини техничката министерка Форосина Ташевска Ременски дека ги кочи проектите за санација на постојните и отворањето на нови детски градинки.
- За жал во изминатите неколку месеци има одредено задоцнување во динамиката на веќе започнатите, меѓутоа и во планираните идни активност за отворање нови детски градинки од страна на техничката министерка. Имало или немало задоцнување во следниите месец-два, после април ќе продолжиме со конкретни активности за значително зголемување на бројот на детски градинки во сите општини во државата. Нашата цел е да им излеземе во пресрет на сите граѓани што тоа го бараат во руралните и во поголемите средини, изјави Спасов.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
