-->
-->
Отворен за сообраќај новиот пат до манастирот Свети Јоаким Осоговски
-->
Финишираа активностите за поставување заштитна еластична ограда на новиот патен правец до манастирскито комплекс Свети Јоаким Оосоговски во Крива Паланка, со што патот ќе биде отворен за сообраќај за време на претстојниот празничен викенд.
- Реализирани се завршните активности за изградба на локалниот патен правец Крива Паланка–манастир Свети Јоаким Осоговски, Варовиште. По изградбата на патот која заврши неодамна, беше утврдено дека од безбедносни причини неопходно е да се постави заштитна еластична ограда. Оградата беше финална активност, а патот ќе може да се користи за сообраќање во празничните денови, додека официјалното пуштање во употреба дополнително ќе биде извршено, инфорира градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Станува збор за комплетно нов патен правец во должина од 2.163 метри и ширина од 4 метри. Изградбата на патот се реализираше со средства во висина од 17.6 милиони денари од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, додека дополнителни триста метри финансираше општината од сопствениот буџет.
По овој пат сообраќаат жителите на градот и околните села, Долно и Горно Варовиште и село Б`з, а ќе биде добредојден за сите туристи кои во огромен број го посетуваат манастирот и туристичкиот локалитет Калин Камен.
Со финансии од Североисточниот плански регион на најголемата угорнина од патот, на самиот свиок, поставен е трем каде минувачите ќе можат да одморат и да уживаат во прекрасниот пејзаж и панорама на градот. Од општински буџет ќе се издвојат и средства за поставување маси и клупи.
Во реонот на Крива Паланка се поставени 5 вакви тремови.
Алексовски ги повика сите кои имат можност да го посетат градот деновиве, кога ќе можат да проследат богата програма настани во рамки на манифестацијата „Топол културне бран 2016“.
- Од вечерва до 27 август на програмата е Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Оосоговски“, а в сабота од 22 часот изложбата фотографии од изминатите пет години на одржување на „ Џојфест“. Ова е претпразничната понуда во градот која продолжува на празниците Успение на Пресвета Богородица и чествувањето на свети Јоаким Осооговски, патрон-светецот, закрилник на Крива Паланка кога очекуваме илјадници туристи од земјава и странство да дојдат и да уживаат во преубавиот манастирски комплекс и духовната хармонија на храмот, како и во прекрасната природа на Осоговието, додаде Алексовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Адвокатите на Палевски тврдат дека тој на 27 ноември 2023 бил во банка, побараа и утврдување на базните станици на неговиот телефон
-
ЕУ изрази загриженост поради случувањата во српското Собрание
-
Шолц и Зеленски се согласија дека Трамп е клучен фактор во мировните преговори
-
Дуда: Се надевам дека Трамп ќе биде остар и со Путин, а не само со Зеленски
-
Кривична пријава против полициски службеник за примање поткуп
-
Мицотакис: Граѓаните преку големите протести побараа вистина и правда, но и Грција да се издигне уште повисоко
-
Палчо приложил уплатница од банка од денот на убиството на Вања - Обвинителството не ја прифатило како доказ
-
Предистражна постапка против поранешниот директор Сашо Данго