Отворен уште еден приватен дом за сместување стари лица
Почна со работа 22 от приватен дом за стари лица во земјава., со капацитет од 40 легла. Инвестицијата е вредна 300 000 евра, а голема поддршка за сопствениците бил и грантот од државата. За почеток во домот се вработени 10 лица.
- Ние сме задоволни со постигнатото изминатите неколку години. Поволната цена за градежно неизградено земјиште од едно евро метар квадаратен, намалените комунални давачки за изградба на објекти, секако, најновата мерка грант неповратни средства од 12 илјади евра за отворање на приватен дом за стари лица го дадоа својот резултат, рече Спасов.
Како што потсети Спасов кон крајот кон крајот на оваа или почетокот на следната треба да почне изградбата на државен дом за стари лица. Домот е планирано да се гради во општината Гази Баба и за почеток треба да обезбеди сместување за 170 стари лица со пониски примања, или материјално необезбедени.
Сопственичката на домот посочи дека е планирано во иднина постепено да се зголеми бројот на вработени лица.
Ова е трет дом за згрижување на стари лица во Сопиште. Во фаза на регистрација се околу 6 нови приватни домови ширум земјава.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
