Отворен ресурсен центар на СОС Детско село Македонија

Ресурсeн центар на СОС Детско село Македонија е отворен денеска во населбата Ченто. Во 2016 година како резултат на соработката меѓу СОС Детско село Македонија и општината Гази Баба беше реновиран дел од постоечкиот објект во градинката „25 Мај“, клон „Искра“ во Ченто, кој сега функционира како модерен ресурсен центар.
Во него, граѓаните на општината, пред сѐ младите и семејствата во социјален ризик ќе имаат пристап до поголем број на услуги, кои ќе им помогнат во подобрувањето на социо-економската состојба и во отворањето на можностите за вработување.
На свеченоста, директорката на СОС Детско село Македонија, Јулијана Накова Гапо изјави дека Ресурсниот центар ќе има посебно значење за младите и семејствата во социјален ризик со кои СОС Детско село Македонија работи подолг период.
- Сигурни сме дека ќе помогнеме на многу деца, млади луѓе и млади семејства да го подобрат својот живот, да застанат на сопствени нозе и преку најразновидните обуки и поддршка кои им ги нудиме, да можат да отпочнат нов живот преку отворањето на можностите за вработување и за самовработување, откако ќе добијат нови квалификации во новиот Ресурсен центар. Со ова директно ќе се подобри и животот на децата во семејствата, рече Накова Гапо.
Во рамки на Ресурсниот центар на СОС Детско село Македонија ќе функционираат Програмата за зајакнување на семејствата и Проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади родители во ризик, преку мерки за генерирање приходи во Гази Баба“.
Градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски истакна дека соработката со СОС Детско село Македонија е долгогодишна и ја поздравуваат и поддржуваат секоја заложба на организацијата, знаејќи, посочи, дека тоа ќе биде придонес кон подобрување на состојбата на нашите сограѓани, посебно за младите и младите родители во ризик.
- И досега сме имале плодна соработка и сигурни сме дека како и до сега и оваа заедничка заложба меѓу општината Гази Баба и СОС Детско село Македонија, наскоро ќе ги жнее и првите плодови и ќе видиме голем број на среќни деца, млади поединци и семејства, додаде Трајковски.
Ново на Сител
-

Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите
-

Европратениците ги критикуваат новите овластувања на Фронтекс за надзор на социјалните мрежи
-

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
-

Битолчанец излегол од затвор на отсуство, па повторно бил уапсен пошто поседувал различни видови дрога
