Отворен првиот меѓународен гастрономски натпревар „Македонија 2016”

Повеќе од 100 готвачи од Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Словенија, Италија, Романија, Швајцарија, Словачка и Шведска ќе учествуваат на првиот меѓународен гастрономски натпревар „Македонија 2016“, што се одржува денеска и утре на Скопски саем.
„Македонија 2016“ го организира Здружението на готвачи „ГАСТРО МАК“. Натпреварот го отвори претседателката на ова Здружение Адријана Алачки, која истакна дека Македонија долго го очекувала овој настан.
Интернационалното жири го сочинуваат 15 члена од Србија, Израел, Хрватска, Турција, Италија, Словенија, Албанија, Словачка, Романија, Бугарија... Претседател на жирито е Дејан Станковиќ од Србија, кој изрази надеж дека натпреварот ќе прерасне во традиционален. Тој на судиите им посака праведно и фер судење, а на натпреварувачите многу квалитетна и вкусна храна.
Поделени во јуниорски и сениорски категории, мајсторите на кујната поединечно и тимски ќе се натпреваруваат во повеќе категории за што подобар пласман, влез во финалето и освојување на престижниот пехар „Македонија 2016“.
Во категоријата „јуниори“ ќе се подготвуваат: национално јадење на модерен начин (екипно) и паста во поединечна конкуренција, додека во сениорската национално јадење на модерен начин и јадење од риба, но во двата случаја индивидуално. Ќе се подготвува и јадење од пилешко месо.
Натпреварувачкиот дел ќе се реализира денеска и утре, од 8 до 20 часот. Паралелно, во двата натпреварувачки дена во халата 4 на Скопски саем ќе се одвива и ревијален дел со многу работилници и готвења во живо од познати шефови на кујни.
Според организаторите, за натпреварот се пријавиле и многу ученици и студенти од угостителските училишта и факултетите за туризам и гастрономија во Македонија.
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
