Отворен првиот Центар за хуманост и борба против насилство врз животните
Здружението за заштита на животни Анима Мунди го отвори првиот Центар за хуманост и борба против насилството врз животните во Република Македонија.
Од Здружението информираат дека преку Центарот ќе се обидат да влијаат на јавната свест и промовираат хуманост, но и да обезбедат конкретни услуги за превенција, односно евиденција и санкција на насилството врз животните. Воедно, најавуваат и соработка со институциите и дејствување во насока да се обезбеди силна законска рама која ќе ги штити животните во државата.
Центарот е лоциран во ТЦ Бисер (на први кат), и е овозможен преку програмата Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведска
Ново на Сител
-
Психолошка помош им е потреба на голем број граѓани, особено на семејствата кои ги изгубија најблиските
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани