Отворен првиот „бар за дремка“ во Шпанија

Во Мадрид е отворен првиот „неп бар“ во Шпанија, каде посетителите ќе можат да „дремнат“ и да „ги наполнат батериите“ за остатокот на денот.
Барот „Сиеста енд Гоу“ е инспириран од сличните „барови за дремка“ кои веќе функционираат во Лондон, Дубаи и во неколку градови во Јапонија.
Шпанскиот бар на своите гости им нуди приватни соби или простори во кои може да се „дремне“ заедно со други луѓе. Цената за една „дремка“ се движи од 12 до 14 евра за час.
Барот се наоѓа во финансискиот кварт на Мадрид, Азци и во него гостите можат да одморат и малку да отспијат во удобни столици. Покрај ова, по желба. гостите может да добијат и пижами, влечки, весници и кафе.
На интернет страницата на „Сиеста енд Гоу“ е наведено дека нивна цел е гостите добро да се одморат и дека посетата на барот ја намалува напнатоста и стимулира креативност.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
