Отворен почесен конзулат на Мароко во Македонија

Почесен конзулат на Кралството Мароко синоќа беше отворен во Скопје. За почесен конзул е назначен Илија Малинковски, истакнат член на бизнис заедницата кој со својата работа придонесува за културното и економско зближување на двете земји.
На свеченоста на која присуствуваа претставници на дипломатскиот кор и на државниот врв, се обрати заменик министерката за надворешни работи Арта Точи, која истакна дека Почесниот конзулат ќе овозможи засилена соработка во повеќе области меѓу двете земји.
- Како дополнување на одличните односи меѓу Македонија и Мароко и динамичната соработка со Амбасадата на Мароко во Софија, јас сум сигурна дека активностите на Почесниот конзулат ќе отворат нови можности за зајакнување на соработката во многу области од заеднички интерес за нашите земји, особено во областите на економијата, трговијата и инвестициите. И двете наши земји имаат голем потенцијал во овој поглед и не се сомневам дека Почесниот конзул ќе може да даде дополнителен импулс и успешно да придонесе за натамошно збогатување на нашите односи и соработка, изјави Точи.
Мароканската амбасадорка Закиа Ел Мидаоуи, на свеченоста истакна дека официјалната инаугурација на Почесниот конзулат на Кралството Мароко во Република Македонија го одразува фактот дека двете земји придаваат фундаментална вредност за зајакнување на нивните билатерални односи во многу области и сектори од заеднички интерес.
- Почесниот конзулат, кој е претставување на Кралството Мароко во Република Македонија, ќе послужи како катализатор за трговија и инвестиции меѓу нашите две пријателски земји. Неговата главна улога ќе биде, меѓу другото, промовирање на мароканската култура, нејзината економија и интензивирање на билатералната соработка, истакна Ел Мидаоуи.
Почесниот конзул Малинковски изјави дека оваа важна функција за него е голема чест, а културното зближување и економската соработка на двете земји е негова мисија.
Република Македонија и Кралството Мароко воспоставија дипломатски односи на 18-ти септември 2002 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
