Бизнис
21. April 2016 - 19:42

Отворен најголемиот Рамстор во Македонија

Почна со работа најголемиот Рамстор маркет во Сити мол во Скопје. Инвестицијата е вредна милион евра а ќе бидат вработени над 100 лица.

Како што посочи турскиот инвеститор новиот маркет е најголема инвестиција по отварањето на трговскиот центар Рамстор во 2005та. На отварањето беа присутни и турскиот амабасадор во земјава, министерот без ресор Фуркан Чако како и голем број на претставници од бизнис секторот.

Новиот маркет ќе содржи широка палета од 30 000 производи и сите неопходни содржини за да ги задоволи критериумите на реномиран високоснабден супер-маркет. Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски кој присуствуваше на отварањето го потренцираше значењето на оваа инвестиција за отварањето на нови работни места.

Рамстор маркетите се лоцирани во 6 градови низ земјава. Вкупно има 21 маркет, со преку 600 вработени.