Свет
19. August 2016 - 10:31

Отворен коридор кој ги поврзува Азија и Европа

Товарните возила од Русија, Кина и Монголија започнаа да сообраќаат по новиот транспортен коридор од Азија во Европа, соопшти руското Министерство за сообраќај. 

- Првите девет камиони од Русија, Монголија и Кина денеска го отворија новиот транспортен коридор од Азија во Европа. Од градот Тјанцин преку монголската престолнина Улан Батор возилата пристигнуваат во Улан Уде, главниот град на Бурјатија, симболизирајќи го отворањето на товарниот транзитен сообраќај од Кина во Русија преку Монголија, се наведува во соопштението. 

Од руското Министерство за сообраќај наведуваат дека функционирањето на транспортниот коридор, низ кој ќе поминат колона возила, ќе овозможи да се зголеми соработката со Москва, Пекинг и Улан Батор, како и дека ќе помогне во развојот на сообраќајната инфраструктура во трите држави, зголемување на производството, зголемување на инвестициите и продажбата, интензивирање на културните размени и заедничка координација во областите на заштитена природна средина. 

Економскиот коридор е голема заедничка програма за развој на трите земји.