Отворен ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Завесата на 27-то издание на Меѓународниот фестивал на камерниот театар „Ристо Шишков“ вечерва во Струмица ја кренаа актерите од Драмскиот куклен театар Враца од Бугарија со претставата „Убавицата и принцот“, по новелата „Сонот на чичкото“ на Фјдор М. Достоевски, а во драматизација и режија на Николај Полјаков.
Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
-За Ристо Шишков заборав не може и не смее да има. Нашиот Меѓународен фестивал на камерен театар кој се одржува во градот на детството и младоста на Шишков, веќе 27 години го чува тоа име како најголемо богатство. Нека биде така и во иднина, на задоволство на сите почитувачи на вистинските културни вредности. Општина Струмица тие вредности секогаш ќе ги поддржува, рече градоначалникот Јаневски.
Во петте фестивалски денови ќе се одиграат десет претстави од театри од Бугарија, Хрватска и Република Северна Македонија со учество на педесетина актери, кои ќе се докажуваат со својата актерска игра за единствената награда за високо актерско остварување „Ристо Шишков“. Наградата се состои од златен медалјон со ликот на патронот на фетивалот-актерот Ристо Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра.
Фестивалската жири комисија ќе ја предводи ланскиот лауреат, актерот Благоја Чоревски, а членови се професорот Кољо Вандов од Бугарија и режисерот Драган Јаковлевиќ од Србија
Во рамките на Фестивалот се одржува и деветтото издание на камерна драма НЕТА (Нова европска театарска акција).
Фестивалот е финансиски помогнат од Министерството за култура и општина Струмица.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
