Отворен ден во МНР
Министерството за надворешни работи денеска од 11 до 17 часот, организира Отворен ден. Граѓаните ќе можат да дојдат во просториите на министерството и да ги претстават своите забелешки, предлози и идеи пред ресорниот министер Бујар Османи и другите вработени.
-Дипломатијата ги отвора вратите. Министерството за надворешни работи ги отвора вратите за средба со граѓаните резиденти во земјава и претставници на дијаспората, со цел да ги слушне нивните забелешки, предлози и идеи, за подобрување пред сѐ на конзуларните услуги, но и за сите други области кои се од директен интерес за граѓаните, а поврзани се со работата на оваа институција, најави во објава на својот фејсбук профил министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Со ова, како што се наведува, сакаат да ја претстават работата на Министерството, како во однос на поблиско запознавање, така и во однос на транспарентност, проекти и политика.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро