Отворен ден на Управата за имотно правни работи во Гостивар

Директорот на Управата за имотно-правни работи при Министерството за финансии, Зоран Крстаноски денеска го посети Одделението во Гостивар каде оствари средби со граѓаните кои го искористија Отворениот ден за решавање на проблемите кои што се во надлежност на Управата.
- Оваа посета има за цел да обезбеди директна комуникација со стручните тимови на Управата за да се добие стручна помош и одговор на прашањата на граѓаните. На овој начин се запознаваме одблизу и со работата на Одделението во Гостивар и притоа дадеме насоки за да се овозможи подобро функционирање и решавање на предметите. Апелираме до граѓаните да ја искористат оваа можност и да се запознаат со текот на решавањето на нивниот предмет, изјави Крстаноски.
Најголем број од предметите кои се работат во Одделението во Гостивар се оние коишто се однесуваат на приватизацијата на дворни места.
Крстановски информира дека во гостиварското одделение се поднесени 7.400 барања, од кои уште 2.500 се во процедура и притоа нагласи дека динамиката е задоволителна и се одвива согласно процедурата и роковите.
Акцијата „Отворените денови“ која се спроведува во соработка со Агенцијата за катастар на недвизжности се организира во повеќе општини низ Македонија. Започна во септември и ќе трае до февруари следната година.
Следната средба со граѓаните, како што најавија од Управата за имотно-правни работи, ќе се одржи во скопската општина Центар до крајот на годината.
Ново на Сител
-

Хероин пронајден при претрес во Гостивар, уапсен 69-годишник
-

Мета и Гугл обвинети дека намерно создале зависност кај младите корисници
-

Позната причината за смртта на Кетрин О’Хара
-

ССМ ја започна блокадата на Собранието, бара зголемување на минималната плата на 600 евра
-

Герасимовски: Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање
-

Поради протестот на ССМ во Скопје посебен режим на сообраќај
-

На Попова Шапка утринава се измерени 64 сантиметри снег
-

Стан во Центар од 83 квадрати продаден за 2.965 евра по квадрат, најмногу продажби во Аеродром
