Македонија
5. December 2015 - 9:18

Отворен ден на Центарот за обука на пилоти

Центарот за обука на пилоти денеска на отворен ден ќе ги презентира своите капацитети и ќе одржи летечка демонстрација со авионите „Злин“ и хеликоптреите „Бел-206“.

Ќе бидат презентирани и хеликоптерите Ми-17 и Ми-24 на Армијата на Република Македонија. 

На отворениот ден ќе се обрати министерот за одбрана Зоран Јолевски.