Македонија
1. August 2015 - 9:49

Отворен ден на архивите во пресрет на Денот на Републиката

По повод националниот празник 2 Август, во сите одделенија на Државниот архив на Република Македонија денеска од 18 до 22 часот ќе се организира манифестацијата „Отворен ден на архивите“. 

Целта е презентација на историјата на македонскиот народ низ документите што се чуваат во депоата на архивите и промоција на архивистичката професија.

Вратите на архивите ќе бидат отворени за сите заинтересирани посетители, а вработените  ќе ги информираат посетителите за архивистичката дејност;

Во холовите на архивите ќе иам изложбени поставки, ќе бидат изложени најстарите, најрепрезентативните и најинтересните документи што се чуваат во депоата, а одредени публикации на Државниот архив на Република Македонија ќе може да се купат со попуст.