Македонија
3. November 2016 - 8:33

Отворен ден на Агенцијата за храна и ветеринарство во Прилеп

Во Подрачната единица на Агенцијата за храна и ветеринарство во Прилеп денеска ќе се одржи Отворен ден на кој ќе присуствува директорот на Агенцијата, Зоран Поповски.

На отворениот ден граѓаните и претставници на компаниите ќе имаат можност да се запознаат со надлежностите и работата на Агенцијата, но и да добијат стручна помош.