„Отворен Балкан“ голем туристички потенцијал, може да генерира 30 милиони ноќевања

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски смета дека Саемот за вино „Отворен Балкан“ во Белград е одлична можност да се испрати пораката на обединетост, подготвеност за заедничка соработка и носење мудри одлуки.
Јаневски во пресрет на Саемот за МИА вели дека на манифестацијата ќе се претстават 333 винарии од регионот, Европа и светот, а со оглед дека и храната ќе биде во фокусот, како вид традиција, ќе има по пет мастер шефови од земјава, од Србија и од Албанија. Вкупно 300 метри квадратни, пак, се резервирани за туризмот.
– Очекувам од Саемот за вино да ја испратиме пораката дека Балканот е обединет. Од минатото да извлечеме поука и да носиме мудри одлуки. Да работиме и да создаваме мостови, а не пречки, истакна Јаневски.
Тој информира дека од македонска страна ќе се презентира и фолклорот, ќе има изработка на бисери и филигран, а организирана ќе биде и Македонска вечер, чиј домаќин ќе биде премиерот Димитар Ковачевски. На Македонската вечер се очекува да присуствуваат 500 гости.

Оценка на директорот на АППТ е дека иницијативата „Отворен Балкан“ е голем туристички потенцијал кој може да генерира 30 милиони ноќевања и значително да го зголеми бројот на регионалните гости.
Прмиерот Ковачевски во петокот соопшти дека на Саемот „Отворен Балкан“ што ќе се одржи од 1 до 4 септември во Белград, ќе учествуваат 42 македонски визби и три дестилерии, а претставени ќе бидат 300 различни вина.
– Учеството на овој Саем за домашната економија значи поголем извоз, откуп и обезбедување нови пазари за македонското вино. На манифестацијата чии кооорганизатори и кодомаќини сме и ние, ќе има купувачи од ЕУ, САД, Кина и други земји од Истокот, оцени премиерот.
Според него, Саемот ќе биде можност да се поврзат винските патишта на Балканот, да се соберат најдобрите винарии и да се поразговара за развој на потенцијалот на винската индустрија, како и за можноста за учество на светските пазари.
Ново на Сител
-

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива
-

Македонскиот народен театар одбележува 81 година
-

Зеленски: Ситуацијата на бојното поле е најдобра во последните 10 месеци
-

Секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен како целосно валиден во Црна Гора и обратно, најави Андоновски
-

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против обвинетиот Денис Асанов за извршено убиство
-

Иран собори борбен авион Ф-35 со нов одбранбен систем
-

Уапсена жена од с. Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци
-

Во недела поради улична трка во Скопје посебен режим на сообраќај
